Во февруари 2020 екс премиерот Зоран Заев отиде во Арачиново за надзор на воведувањето канализација. Притоа Заев рече дека е задоволен од сработеното а еден од работниците рече дека за една година работите ќе завршат, јавува ТВ 21.
И по две години проектот за канализација и водовод не е завршен и немањето вода за пиење и натаму е главен предизвик за жителите на Арачиново.
„Ниту канализацијата не е пуштена, н а главните улици ги поставија цевките, но на помалите улици не, се уште не работи. Водоводот е запрен од минатата година и нема веќе“, вели граѓанин.
„Главен проблем е водата и канализацијата, тоа е главно, нема вода во Арачиново“, додава граѓанин.
Новиот градоначалник на Арачиново вели дека системот за канализација и водовод е во алармантна состојба. Завршена е само првата фаза, ветувајќи дека ќе стори се са го реши овој дамнешен проблем на жителите.
„За жал, се уште е во алармантна состојба. Првите денови од мандатот и писмено ги известив институциите, во случајов и Министерството за животна средина и ЦУК, бидејќи навистина прашањето со канализацијата по првата фаза, или на главните улици каде е направена мрежата, мислам дека втората и третата фаза не се реализирани и мислам дека тука секако ќе треба и централната власт да го сфати сериозно ова прашање“, вели Ридван Ибрахими.
Во 2020 по неколку месеци во Арачиново повторно се собраа неколку министри заедно со тогашниот технички премиер Оливер Спасовски и екс градоначалничката Миликије Халими во надзор на градежните работи за канализацијата. Тие рекоа дека работите треба да завршат во март 2021 а за проектот владата издвои 1.7 милиони евра.