Министерот Бујар Османи и 13 други светски дипломати излегоа од дипломатски рамки на комуникација и независноста на Украина ја честитаа преку твитови. Станува збор за испишување на Украинската национална химна во засебни твитови каде првата реченија ја испиша украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, а потоа се надоврза 13 други светски министри, вклучително и Османи се до комплетирање на целата химна.
Украина втор пат по ред слави независност во услови на руска агресија и оваа уникатна честитка е знак за меѓународната солидарност и поддршка во време кога земјата се бори за својот суверенитет и територијална интегритет.
Во чест на Денот на државното знаме на Украина, Северна Македонија својата длабоката солидарност и респект, не само што ја покажа преку твит-иницијатива туку и подигна украинско знаме на зградата на МНР. Гестот претставува уште едно потсетување на важноста на меѓународната соработка, обединување и поддршка во времиња кога светски вредности и принципи се предизвикани. Северна Македонија и понатаму ќе продолжи да ја поддржува Украина и сите други држави кои се борат за својата слобода и сувереност.