За независните кандидати за советници и градоначалници ќе бидат потребни два потписи од избирачи за да можат да учествуваат на претстојните локални избори во октомври.

Ова е предвидено со новиот Правилник за регулирање на постапката за собирање потписи за поддршка на кандидатски листи поднесени од група избирачи и за начинот на определување на нотарите за локалните избори 2025 година, кој синоќа го усвои Државната изборна комисија на седница.

Членот на комисијата Александар Даштевски предложи да се донесе Правилник за регулирање на постапката за собирање потписи за поднесување на кандидатски листи поднесени од група избирачи и начинот на определување на нотарите, со кој независните кандидати за градоначалници или листа на советници да бидат потпишани од најмалку два избирачи.