Независниот синдикат на Управата за водење на матични книги денеска излезе на улиците низ Скопје на протест.
Тие бараат покачување на платите.
Имено, минатата недела потпишаа нов колективен договор во коj се опфатени нивните барања, но истиот „заглавил“ во Министерство за финансии. Според нив, од министерството засега немаат добиено никаква информација.