„Категорично го демантираме обвинувањето за незаконско и несовесно работење кон нашата советничка, Невена Георгиевска, изнесено во име на вработените на општина Карпош на денешната прес конференција. Бараме јавно извинување, во спротивно ќе поднесеме тужба за клевета.
Нашата советничка група не поднела ниту еден амандман на Буџетот на општина Карпош за 2024 година и се залагавме токму за спротивното, за надминување на проблемот помеѓу советничката група на ВМРО-ДПМНЕ (која поднесе скоро 4,000 амандмани на Буџетот, со цел за блокирање на Буџетот), градоначалникот и општинската администрација, само и само да може општината  непречено да функционира, да се исплатат платите во целост на сите вработени во општинската администрација, училиштата и градинките, и да не се загрозат договорите на сите привремено вработени.
Секое решение од оваа немила ситуација, согласно законите и прописите, го поддржуваме, како и до сега“, се вели во соопштението на Советничката група на Независни за Карпош .