Англија и Италија вечерва ќе одлучат за новиот европски шампион на Вембли.

Познатиот лондонски стадион е полн со повеќе од 60.000 навивачи, а добар дел од нив успеаја да влезат без билет.

Англиските медиуми наведуваат дека околу 1000 навивачи успеале да го пробијат обезбедувањето и да влезат во трибините каде што веќе е забавата.

Англичаните се сигурни дека „трофејот ќе си дојде дома“. Песната „Sweet Caroline“ веќе може да се слушне од трибините, која стана химна на ова евро.

Исто така, се наведува дека во и околу стадионот Вемблиј има околу 250.000 навивачи кои со нетрпение го очекуваат овој натпревар.

Англија никогаш не ја освоила европската титула и ќе видиме дали ќе успеат.