Венчаницата на принцезата Дајана ќе биде изложена во палатата Кенсингтон, откако нејзините синови, принцот Вилијам и принцот Хари, се согласиле да го „позајмат“ легендарниот и незаборавен фустан.

Profimedia
Profimedia

Дајана на венчавката со принцот Чарлс во катедралата Сент Пол во 1981 година го носеше гламурозниот невестински фустан, кој беше украсен со превез од дури 7,5 метри.

Profimedia
Profimedia

Јавноста од јуни годинава ќе има можност да ја види венчаницата на покојната принцеза Дајана во кралската резиденција во западен Лондон.

Profimedia
Profimedia

Фустанот, дизајниран од Елизабет и Дејвид Емануел, е украсен со светки и бисери и чипка кои првично ѝ припаѓале на кралицата Мери.

epa-efe
EPA/MUSEUM OF ART OF FT. LAUD

Нежно заобленото деколте и големите надуени ракави ги красат раскошни машни од тафт – стил популаризиран од принцезата во раните 1980-ти. Фустанот е во сопственост на синовите на Дајана, принцовите Вилијам и Хари, кои во оваа прилика го „позајмија“ за изложба.

Profimedia
Profimedia

Насловена како „Royal Style in the Making“ овој настан ќе се осврне на темата за односот помеѓу дизајнерите и нивните кралски клиенти.

На изложбата ќе има и ретка ткаенина која е зачувана од 1937 година и била искористена за да се направи фустан за крунисување на кралицата Елизабета Втора.

Profimedia
Profimedia

Модните комбинации на Дајана биле внимателно следени и документирани, и пред и по нејзиниот брак со Чарлс.

Модните избори и додатоци на Дајана и денес се актуелни, па во март Меган, војвотката од Сасекс, носеше нараквица од Дајана за време на разговор со Опра Винфри, пишува „Си-Ен-Ен“.