Најчестите компликации се автоимуните болести – од воспаление на мозокот до мултиплекс склероза. Како пост-ковид симптоми се јавуваат и вртоглавици, главоболки и проблеми со меморијата, пишува Дојче веле.

Од појавата на вирусот до сега веќе е јасно дека станува збор за мултисистемска болест, која што не ги напаѓа само белите дробови и срцето, туку остава последици и врз бубрезите, црниот дроб, мозокот…Барбов посочува дека во периодот кога беа доминантни Алфа и Делта сојот имало зголемен број на мозочни удари, како резултат на зголемена коагулација и зголемени Д-димери кои се движеле од 5.000 до 10 илјади. Ваквите вредности укажуваат на можност за формирање тромбови, поради што на пациентите им се препорачуваше антикоагулантна терапија.

Кај Омикрон вакви симптоми нема, но вирусот знае да предизвика автоимуни болести, вели доктор Барбов.

Целиот текст овде.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.