Невремето стигна и до Австрија. Обилните врнежи предизвијаа поплави во областа на градот Салцбург, но за среќа тие не се со катастрофални размери како во Германија и Белгија. Според последните информации од Противпожарната служба, засега нема извештаи за исчезнати или загинати лица. Оние кои биле заробени во своите домови морале да бидат евакуирани со чамци и камиони.
Но, бројот на жртви во поплавите што ја погодија Западна Европа се искачи над 180.
Најмногу погодена е германската сојузна држава Рајна-Палатинат, каде загинаа 110 луѓе. Во Северна Рајна-Вестфалија настрадаа 45 лица, меѓу кои и четворица пожарникари.
Во Белгија досега се потврдени 27 смртни случаи.
Поплави синоќа имаше и во пограничното подрачје помеѓу Германија и Чешка.
Жителите на две села во реонот на градот Либерец, северна Чешка, беа евакуирани поради опасност од поплави откако се зголеми нивото на водата на локалните реки по обилните дождови.
Поплави синоќа имаше и во и северниот дел на Австрија. Синоќа во градот Халајн активиран е аларм откако пукна брана на реката Котбах. Центарот на градот е уништен, а издадено е предупредување до локалното насление да останат во своите домови.