Невреме проследено со град го зафати градот Делчево и околината. Очевидци кажуваат дека околу 20-тина минути паѓал силен град, грми и врне.

Од УХМР најавија можни локални грмежи и врнежи во текот на попладневните часови.

По неколку дена високи температури, во земјава следува разладување со благо намалување на температурите и зголемување на облачноста.