Невратботени лица од Кичево секој ден стануваат во 6 часот наутро за да бараат работа. Чекаат на улица по ладново, но и кога има високи температури, за да ги земе некој да сработат некоја физичка работа.
Велат дека немаат друг излез освен да бараат работа на ваков начин. Ги има од различни националности и главно се повозрасни лица.
„Излегуваме од 7 часот и чекаме некој да не вработи приватно, сум работел во Пром Кичево до 1993 и од ′93 не работам. Имам два сина, не се вработени и болна ќерка, а ни го укинаа социјалното право за парична помош. Одиме по 20-25 евра преку лето, работиме физичка работа“, вели жител за ТВ21.
Ако сработат нешто ќе носат вечера дома, ако не со молат да бога да се смилува. Кога ќе ги ангаира некој работат по десет часа, а дневница за двајца работници е 25 евра.
Во општина Кичево во Агенцијата за вработени се евидентирани 4 073 невработени лица и тоа 2 611 од градот и 1 462 од околните села и главно се лица над 40 години.