56-годишниот Гилберт Пул Јуниор е ослободен откако поминал 32 години во затвор.
Тој цело време ја оспорувал пресудата и покрај тоа што неговата девојка во тоа време рекла дека и признал дека тој е тој што ја избодел жртвата.
Пул бил обвинет за убиството на Роберт Меј во Детроит, Мичиген во 1988. година, а пресудата била укината поради новите докази презентирани во 2015 година – пронајдената крв на местото на злосторството не одговарала ниту на жртвата ниту на Пул.
Судијата сега ја поништил пресудата, а неколку часа подоцна, Пул бил ослободен од затворот во Џексон.