Поранешниот дефанзивец на Манчестер јунајтед, Гери Невил го сподели своето мислење за шансите на „црвените ѓаволи“ да ја освојат титулата во Премиер лигата.

– Никој не ни помислуваше дека Манчестер јунајтед ќе може да се приближи толку до лидерите. Не мислам дека тимот играше така добро порано. Се зборуваше за позицијата на тренерот. Елиминацијата од Лигата на шампионите беше голем проблем и настапите беа на моменти ужасни. Според мене немаат тим што би можел да конкурира за освојување на Премиер лигата. Сè уште немат таков квалитет, истакна Невил.

По 14. коло во Премиер лигата Манчестер јунајтед го зазема 3. место со 26 бода и има натпревар помалку.