Невиден скандал, срам, брука, нешто што не може да се опише со зборови се случи на кошаркарски меч за играчи до 14 години на мечот Работнички и МЗТ Скопје. Имено, родител на дете кое игра за МЗТ Скопје влета на теренот да се пресмета со дете, кошаркар на противничкиот тим, очигледно незадоволен од она што го гледа на теренот.
Причината беше една провокација од кошаркарот на Работнички кон играчот на МЗТ Скопје, но тоа е нешто што многу често се случува и на детските натпревари и на мечевите кога играат возрасни.
Напаѓачот не успеа да стигне до детето кон кое тргна благодарение на луѓето од стручниот штаб и другите родители кои се симнаа на теренот.
„На денешниот натпревар каде што нашите најмлади кошаркари остварија убедлива победа,имаше немили сцени.Каде што родители од спротивната страна (мзт скопје) се обидоа физички да нападнат малолетно дете, кошаркар од тимот на РАБОТНИЧКИ.
Пред се ова е срам за кошарката, особено кога во прашање е натпреварување на малолетни деца до 14 години.
Нашиот став и мислење е дека вакви непосакувани настани не треба да поминат неказнети и се надеваме дека надлежните органи ќе превземат соодветни мерки“, стои во соопштението на КК Работнички.