„Мундо Депротиво“, открива интересни клаузули во договорот на Нејмар со ПСЖ.
„Мундо Депротиво“, тврди, дека до 2025 година, кога ќе му заврши договорот, Нејмар ќе заработи од ПСЖ неверојатни 489.228.117 евра.
Бразилецот во 2017 година потпиша договор кој му гарантира плата од 43,3 милиони евра. Неодамна тој го продолжи договорот со крајот на сезоната 2024/2025. Според новиот договор, почнувајќи од оваа сезоната, Нејмар има бруто плата од 50,5 милиони евра.
Најмногу внимание во новиот договор привлекува клаузулата, која на Нејмар му обезбедува шест милиони евра годишно. За да ги добие овие пари, тој мора по секој натпревар да ги позадрави навивачите.
Нејмар добива пари и за да пристоен и културен, да не доцни на тренинзите и прес конференциите, а има забрана негативно во јавноста да зборва за клубот и да ја коментира тактиката на тренерот.