Талентираниот играч за врска Едуардо Камавинга (18) стана нов фудбалер на Реал Мадрид.
18-годишниот фудбалер потпиша петгодишен договор со кралевите, во чии редови доаѓа од тимот на Рен.
Камавинга порасна во овој клуб како фудбалер. Ги помина младите категории и како 16-годишник дебитираше за првиот тим.
Овој клуб ќе остане засекогаш во неговото срце, а по заминувањето во Реал Мадрид, одлучи да ги почести сите вработени во клубот.
На секој од нив ќе му испрати дрес на Реал Мадрид. Тој ќе подели вкупно 166 дресови и ова дефинитивно е одличен потег на младиот фудбалер.
Stade #Rennais : belle surprise de @Camavinga qui, après son transfert officialisé cette semaine, va offrir un maillot du Real Madrid à tous les salariés de son club formateur, l’équivalent de 166 maillots @leparisiensport
— Benjamin Quarez (@B_Quarez) September 3, 2021
Камавинга е најмладиот фудбалер што играл за Рен во историјата на клубот (16 години и еден месец), а доби и шанса во француската репрезентација.
Тој постигна гол на својот втор настап за националниот тим и стана најмладиот фудбалер што го направил тоа од Морис Гастигер во 1914 година.