Хрватскиот напаѓач од редовите на Милан, Марио Манџукиќ се реши на навистина неверојатен потег и се откажа од својата мартовска плата.

Искусниот 34-годишен напаѓач веќе некое време е надвор од терените поради повреда, а во март не беше на теренот и не можеше да му помогне на својот тим.

Затоа Манџо се реши на навистина неверојатен потег. Тој се откажа од својата мартовска плата затоа што смета дека не ја заслужува, бидејќи не беше таму во борбите водени од неговите соиграчи.

Претседателот на клубот, Паоло Скарони, не ги остави парите во клупската каса, ги уплати во добротворни цели и го пофали потегот на хрватскиот напаѓач.

“Исклучителна одлука. Тоа покажува што е човек и професионалец и тој покажа голема почит кон клубот”, рече Скарони и продолжи:

„Парите одат во клупска фондација која се грижи за младите со цел да им овозможи да одат на училиште“, истакна претседателот на Милано.

Манџукиќ стана член на Милан во јануари. Тој пристигна како слободен агент, но не играше премногу поради повреда.

Хрватскиот фудбалер пропушти седум од 12-те натпревари од враќањето во Серија А, а на петте одиграни натпревари на теренот помина 158 минути и немаше никаков ефект.

Во својата богата кариера, Манџукиќ навистина играше за големите имиња во светскиот фудбал и ќе има со што да се пофали кога ќе ја заврши кариерата.

Сè започна во Марсонија, тој потоа играше за Загреб и Динамо, а потоа преку Волфсбург дојде во Баерн Минхен.

Манџо играше за Атлетико Мадрид и Јувентус. Тој ја напушти Италија во 2019 година кога замина во катарски Ал Духаил, а во јануари стана член на Милан.