Докторот Ненад Лазаров кој истовремено е сопственик на приватната ординација „Медика Вера“ на својот фејсбук профил сподели информации дека утрово до 8.30 часот издадени се 1150 кутии дијазепам, а оваа бројка до 11 часот е зголемена на 6200 кутии.
Пред неколку месеци тој на својот Фејсбук профил сподели податок дека во 2020 година биле препишани 1.310.000 рецепти диазепам, 300.000 повеќе од 2015.
Под објавите граѓаните коментираат дека пациентите за жал се зависни од ваков тип лекови и дека веќе сме станале најдепресивна нација.