Капитенот на ракометната репрезентација на Македонија, Кире Лазаров, најверојатно од настапите на Светските првенства се прости таму каде и што започна, во Египет, денеска се погрижи да оствари уште еден јубилен.

Според првичните најави на Лазаров, Македонија за последен пат на Светско првенство беше предводена од леворакиот бомбардер, и во поразот од Белорусија (26:30), тој постигна седум гола и беше прогласен за играч на натпреварот.

Но, освен што беше најпрецизен, Кире Лазаров со седумте гола, постави неверојатен рекорд кој тешко во блиска иднина би бил соборен, дојде до бројката од 500. гола за Македонија на големите натпреварувања, Светско или Европско првенство.

Дебитантскиот настап во дресот на Македонија, Кире Лазаров го имаше токму во Египет 1999 година и играше на уште пет  Светски првенства (2009, 2013, 2015, 2017, 2019), додека на Европските првенства има пет настапи (2012, 2014, 2016, 2018, 2020).