Работата на стјуардеса (или стјуард) носи многу поволности, а покрај патувањето низ светот, една од нив е и добрата плата, особено ако работодавецот е Нетфликс.

Стјуардеса на Нетфликс

Имено, стриминг сервисот објави дека бара стјуардеса која би работела во приватен авион со плата од минимум од 60 до 385 илјади долари, односно од 55 до 355 илјади евра.

Огласот е објавен на веб-страницата на Нетфликс, на која се вели дека Netflix Aviation бара некој кој има „страст за авијација и желба да работи во тим од соништата“.

Но, зошто стриминг сервисот бара стјуардеси? Сè е објаснето во описот на работата.

Кои се условите?

„Авијацискиот тим му помага на Нетфликс поефикасно да стигне до светот за да може компанијата да продолжи да создава радост низ планетата“, напишаа тие.

Идеалната личност за оваа работа треба да ја прифати културата на компанијата, да биде независна и да дејствува со многу самомотивираност. Дополнително, потребни се независно расудување, дискреција и извонредни вештини за услуги на клиентите потребни за да се обезбеди беспрекорно искуство на патниците.

Работа од соништата?

„Ова е водечка позиција за стјуардеса со седиште во Северна Калифорнија, а вистинскиот кандидат ќе биде професионално обучен за безбедност во кабината и патниците и итна евакуација на авиони“, додаваат тие. Во огласот потоа беа објаснети специфичните воздухопловни квалификации што треба да ги поседува идеалниот кандидат и беше наведено дека успешниот кандидат ќе има плата до 385.000 долари.