Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека новата офанзива во Појасот Газа ќе биде интензивна воена операција насочена кон пораз на Хамас.

„Населението ќе биде преместено за нивна заштита“, рече Нетанјаху во видео објавено на мрежата „Икс“.

Израелскиот премиер додаде дека израелските војници нема да влезат во Газа, да започнат напади, а потоа да се повлечат.

„Намерата е спротивна од тоа“, нагласи Нетанјаху.

Тој не објасни детално колку од територијата на енклавата ќе биде окупирана.