Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека пандемијата на коронавирусот во Израел најверојатно ќе заврши за неколку недели.

Тој им изјави на новинарите дека заклучувањето на земјата, заедно со вакцинацијата, може да ја направи Израел првата земја која ја пребродила епидемиолошката криза, пренесува Тајмс оф Израел.

Нетанјаху рече дека пред воведувањето на третиот по ред логдаун во земјата, од почетокот на пандемијата, а порталот наведува дека ниту еден светски лидер не изјавил такво нешто.

Нетанјаху рече дека се надева дека до викендот ќе бидат вакцинирани по100.000 граѓани на таа земја.

Во Израел, во средата против вирусот корона биле вакцинирани 65.000 граѓани, а Министерството за здравство изјави дека целта е да се вакцинираат по 100.000 граѓани на ден до следната недела.

Во Израел во неделата започна вакцинацијата на лица над 60 години, а во понеделникот започна вакцинирањето на медицинскиот персонал.