Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, денес му рече на германскиот канцелар Фридрих Мерц дека е разочаран од неговата одлука да воведе ембарго за извоз на оружје за Израел, оценувајќи дека оваа одлука ќе ја награди палестинската милитантна група Хамас.
„Наместо да ја поддржува праведната војна на Израел против Хамас, кој го изврши најстрашниот напад врз еврејскиот народ од Холокаустот, Германија го наградува тероризмот на Хамас со воведување ембарго за извоз на оружје за Израел“, рече Нетанјаху, соопшти неговиот кабинет, објави The Times of Israel.
Нетанјаху, исто така, изјави „дека целта на Израел не е да ја преземе Газа, туку да ја ослободи Газа од Хамас“.
Текстот Нетанјаху: Германија го наградува тероризмот на Хамас е превземен од МАКФАКС.