Ново-вработената во МНР, Бесмира Ејупи имаше безбедносен сертификат -државна тајна, доделен во експресна постапка уште во мај. Но по минатата емисија КОД, таа ја испочитувала законската обврска и го вратила сертификатот во Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Доделувањето на сертификатот е проблематичен, а КОД, покрај тоа, има и истражување како четири политички кариери од двете страни на власта, заедно работеле во конкретниот случај за вработување на несудената конзулка во Њујорк.





















