Граѓани на Скопје, љубители на домашни миленици реагираат дека од ЈП Лајка во градот се пуштаат назад на улица несоодветно хирушки третирани кучиња. Деновиве по социјалните мрежи може да се сретнат фотографии од кучиња над кои се извршени интервенции и со незаздравени рани се пуштени во градот.

На ваквите случаи регаираат граѓаните и бараат совети како да им помогнат на миленичињата, а на ЈП Лајка кое е задолжено за третманот на уличните кучиња да им укажат дека ваквите постапки не треба да се повторуваат. Според загрижените граѓани во опасност се доведува здравјето, па и животот на домашните љубимци – кучињата.


-Куче третирано во ЈП Лајка не смее да изгледа вака по направена интервенција. Најверојатно се работи за нестручно извршени хирушки интервенции, несоодветен третман по операциите или се употребени неквалитетни хирушки конци при интервенциите. Што и да е во прашање, граѓаните љубители на домашните миленици со право регираат, вели Виктор Груев, доктор по ветеринарна медицина, кој во март годинава самоиницијативно заминал од ЈП Лајка каде ја извршувал функцијата раководител на одделението за медицински третман.

Не така одмана ЈП Лајка се пофали дека направле рекорден број на хирушки интервенции над уличните кучиња. За еден месец биле третирани 110 кучиња.
-ЈП Лајка вработи пет доктори ветеринари кои оваа бројка на третирани кучиња треба да ја направат за една недела, а не за еден месец. Очигледно во преден план им се бројки, а не стручно изведените интервенции. При овие третмани не е запазен условот за асепса и антисепса и епилогот е загрижени љубители на домашните миленици – додава Груев, кој се одлучил да змине од ЈП кога повеќе не можел да гледал како се третираат кучињата.























