„Декларацијата за црвените линии на РС Македонија во преговорите со Бугарија е дело на длабоката држава. Тоа е организиран напад за да се продолжи спротивставувањето меѓу Софија и Скопје.
Од бугарска страна ќе има поголема воздржаност, но не сѐ зависи од нас“, изјави пред Бугарското национално радио Љубчо Нешков, новинар и сопственик на информативната агенција БГНЕС.
Во емисијата „12 + 4“ Нешков додава: „Не можам да си го објаснам однесувањето на РС Македонија по друг начин освен со тоа дека тие немаат желба за европска перспектива. Од спротива има одбивност да се најде решение на неколку елементарни прашања. Тие изгубија 4 златни години а веќе одамна можеа да бидат пред Србија. На Македонија и е потребна политичка храброст. Да не даде Господ да тргнат по патот на спорот со Грција“, изјави Љубчо Нешков пред БНР.
Извор: Трибуна