Бугарскиот новинар и сопственик на БГНЕС, Љубчо Нешков, повика Скопје и Софија да ги решаваат проблемите независно од тоа кога и дали ќе има избори во Бугарија.

„Решението на проблемите помеѓу Скопје и Софија не зависат од изборите, каде се спомнува датум за избори во Софија при крајот на март, но се спомнува и при почетокот на мај месец, така да политичарите треба да ги решаават проблемите не дали ќе има избори или после изборите“, вели Нешков за 24 Телевизија.

Тој тврди дека голема лага е дека би се решиле проблемите помеѓу Скопје и Софија, откако ќе се случат изборите во Бугарија.

Ваквите изјави на бугарскиот новинар ги негираат очекувањата на премиерот Заев дека Бугарија ќе ја крене блокадата за членство во ЕУ по изборите.

„Реално очекувам напредок по завршување на изборите во Бугарија, затоа што е нерационално да се очекува да се донесе некое решение пред изборите“, изјави Заев пред неполн месец во Тетово.