Бугарскиот новинар Љубчо Нешков во разговор за БТВ емитуван во петокот сподели детали од разговор што го имал со, како што вели, „најблискиот човек на поранешниот премиер Никола Груевски“ и човек што можеби „командува со македонската опозиција“, пренесува Локално.
Пред два дена (на 16 август н.з.) кај мене беше можеби човекот кој командува со опозицијата во Македонија и најблискиот човек на Никола Груевски. И во нашиот разговор за тоа што треба да се случи, дали треба да се поддржи, тој со таков бес и жестина повикуваше на избори и распуштање на парламентот што во еден момент не слушаше никакви аргументи. И кога го прашав што ќе случи во моментот кога вие ќе бидете одделени од Македонија (Албанија – н.з.), тој кажа дека две години ќе играме така, а потоа ќе ја смениме плочата. Таа плоча не е македонска, таа плоча е туѓа и Македонија и македонските политичари и македонските власти не треба да дозволат еден човек од опозицијата да ја решава судбината на земјата за децении нанапред“, вели Нешков.
На прашањето од новинарот она што се очекува да се случи е опозицијата да остане на своите позиции и да се оди на одделување од Албанија во евроинтегративниот процес, Нешков одговара со став дека опозицијата нема македонски аргументи.
„Таа зборува за бугарски диктат, за бугаризација, за албанизација, зборува сега заедно со Вучиќ во еден глас. Тоа не се аргументи во корист на Македонија. Опозицијата во моментот штити туѓи геополитички интереси“, смета Нешков.