„Бидете сигурни дека кога некој ќе посегне по правата на Бугарите, Бугарија нема да биде сама. Филмот од 19-та година , Бугарија да се посочува како библиски непријател на Македонија е завршен одамна. Македонија сака да биде дел од семејството каде што е Бугарија. И кога се посегнува кон човековите права, Бугарија нема да биде единствената земја која што ќе реагира. Мислам дека ќе биде пострашно кога ќе почнат да реагираат во Париз, во Берлин, во Брисел и на други места и во многу земји од поранешна Југославија“, изјави во ексклузивно интервју за порталот Трибуна, сопственикот на бугарската информативна агенција БГНЕС Љубчо Нешков.
Нешков тврди дека македонското општество е жртва на институционална манипулација, бидејки политичката елита во земјата го лаже дека некој сака да му го одземе идентитетот. Според сопственикот на БГНЕС тоа е класичен пример за говор на омраза од страна на власта во Скопје насочен кон Бугарија и Бугарите.
Погледнете го целото интервју на Љубчо Нешков во видеото што следи: