Вечерва во галеријата на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје, со почеток во 18 часот, ќе биде отворена изложбата „Неравноделни“ на мултидисциплинарните артисти Гергана Змијчарова и Петринел Гочев. Двајцата уметници веќе неколку децении творат во различни сфери на уметноста: Театар и кино, фотографија, живопис, графика, скулптура и керамика. Имаат заеднички проекти и во сферата на драмската уметност и поезијата, јавува Трибуна.

Изложбата „Неравноделни“ е опишана од авторите како сложена структура составена од нееднакви делови. Во фотографската работа на Гергана и во нејзините цртежи можеме да видиме како таа вооружена со четка или камера врши дисекција на сопственото срце и душа. Пастелните живописни платна и керамични пластики на Петринел, се исполнети со такво академско мајсторство што немаат потреба од никаква филозофија која да го објаснува нивното значење.

Змијчарова и Гочев се носители на следните награди за нивни заеднички проекти: Награда на Општина Варна на фестивалот „Љубовта е лудост“ за филмот „Бугарски брод потонува во бурно море“, Голема награда на филмскиот фестивал во Констанца 2022 година, награда на публиката на Фестивалот на Франкофонијата во Италија и др.

Во РСМ Гергана и Петринел се познати како творечко дуо што стои позади. Пиесите „Ромео и Јулија“ претставена на „БитФест“ во 2016 година и „Жана Дарк“ претставена истата година на Охридско лето.