Пишува: Атанас Величков
Пред 4 дена полициските органи на РСМ не им дозволија влез на 5-мина бугарски државјани на територијата на земјата. Меѓу имињата на непожелните личности, на кои не им беше дозволено да ги посетат бугарските воени гробишта кај Ново Село, струмичко, се откројуваат имињата на европратеникот Андреј Ковачев и на познатиот бугарски бизнисмен и мецена д-р Милен Врабевски.
Инцидентот со Ковачев, кој е високопоставен член на Европската народна партија, предизвика очекувани реакции во Брисел. Со осуда се јавија претседателот на ЕНП Манфред Вебер, комесарот за проширување Оливер Вархеји и претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола. Од МНР на РСМ реагираа вчера и во официјално соопштение изјавија дека Ковачев не бил непожелен во земјата, туку му бил забранет влез, бидејќи бил во друштво со лица, за кои МВР има сознанија дека претставуваат закана за јавниот ред и мир. Во изјавата на портпаролот на МВР Тони Ангеловски дадена пред медиумите во РСМ на 6 маj, немаше јасна дистинкција меѓу „пожелниот“ Ковачев и неговото „непожелно“ друштво.
„Денеска околу 11 часот на граничниот премин Ново Село, не е дозволен влез на петмина бугарски државјани меѓу кои се и двајцата (Ковачев и Врабевски, бел. авт.) за кои што прашувате , поради неисполнување на условите за влез во државата. Она што сакам да го потенцирам е дека, македонската полиција, ниту сега, ниту во иднина нема да дозволи влез на луѓе, кои што се потенцијални нарушители на јавниот ред и мир и на луѓе кои што ги омаловажуваат и навредуваат и државата и граѓаните на Република Северна Македонија“, вели во својата изјава пред Канал 5 портпаролот на МВР Тони Ангеловски.
За да биде бурлеската уште поапсурдна, еден од дежурните апологети на сите режими во РСМ, напиша еден простран текст во една угледна западна медија со македонска редакција, во која побрза да го стави Ковачев во групата на тие, кои ја омаловажуваат РСМ, ставајќи го неговото име до имињата на поранешните министри Красимир Каракачанов и Екатерина Захариева. Во написот угледниот новинар директно наведува дека заради своите изјави во однос на РСМ и македонскиот народ, Ковачев си ја заслужил забраната за влез.
Се разбира тоа „јуначко“ бранење на поредниот кикс на државните органи, кога станува збор за Бугарија, се случува пред луѓето од МНР да се сетат дека работата со Ковачев станува сериозна.
Во случајот е добро што самиот Ковачев е свесен за несмасниот обид на МНР да излезе од незгодната ситуација. Тој тоа и директно го пишува на својот Facebook профил:
„Невероятно, но факт!
Не съм аз заплахата за вътрешния ред и спокойствие на РСМ! Управляващите в Скопие са били очевидно толкова много притеснени от българските и европейските реакции относно моето недопускане на територията на РСМ…
Името на д-р Милен Врабевски и моето име излязоха директно в електронната система на македонската гранична полиция…,
Въпреки този нескопосан опит да излязат от нелепата ситуация, която сами си създадоха, настоявам властите в Скопие да дадат отговори на следните въпроси:
1. Има ли черни списъци на български граждани, които да не бъдат допускани на територията на РСМ?
2. Фигурирам ли аз и фигурирал ли съм в такъв списък, и ако да – по каква причина?
3. Кой от другите четири недопуснати е заплахата за сигурността и обществения ред на РСМ и поради каква причина?
4. Защо граничните власти на РСМ не са ми предложили да продължа пътя си сам, без да бъда придружаван от тези, които са заплаха за РСМ?
5. Настоявал ли е лично президентът Пендаровски, аз и Милен Врабевски да не бъдем допускани на територията на РСМ?
6. На срещата през февруари при Пендаровски взето ли е решение за черен списък?
7. Кои са всички лица включени в този списък и защо?“, пишува Ковачев.
Од статусот на Ковачев станува јасно дека сепак неговото име и името на д-р Милен Врабевски биле ставени во електронскиот систем на граничната полиција на МВР. Од тоа следува дека во списокот со непожелни личности стои и името на европратеник со висока позиција во Брисел. РС Македонија навистина не сака да стане дел од ЕУ или пак сака, но надевајќи се дека некој со магично стапче (како во доброто старо југословенско време), ќе се појави од ништото и ќе ја спаси од лошата Бугарија. Тоа, колку и да му се сака на Бујар Османи нема да се случи, но не господинот Османи е важен во случајот.
Важни се политичарите во Софија, речиси сите тие имаат претензии дека освен партиски лица се и државници. Ако се такви, не би требало по кој знае кој пат да веруваат во приказните што им се кажуваат од оваа страна на границата. Оти таа граница како што гледаме многу лесно може да стане незгоден терен за било кој од нив. Без разлика дали станува збор за левичар, десничар или центрист.
Прашањата поставени од Ковачев ќе останат без одговор. Како што останале без одговор и многу други прашања поставени од македонски Бугари и од времето на Тито и сега во независна РС Македонија. Еден по еден тие што поставуваа прашања си отидоа, но на нивно место се појавија други, млади, кои не планираат да молчат и не молчат. Горди луѓе, кои знаат на што е способна овдешната политичка елита и токму поради тоа немаат намера да се извинуваат, како што тоа го прават некои комунистички фосили од Бугарија, вгнездени во државни институции и преоблечени во модерни либерални мудреци.
Време е да му обрнеме внимание и на вториот познат лик од списокот со „непожелни“, за кој што се интересира и прашува Ковачев.
Станува збор за д-р Милен Врабевски, познат бугарски бизнисмен и мецена. Оцрнет во РС Македонија како „руски агент“, кој работи против зближувањето на двете држави и двата народи.
Еве како д-р Врабевски работи за руските интереси, примерот е од вчера. „Непожелниот“ д-р Врабевски донирал 6000 евра за патувањето на дете ликовен уметник од РС Македонија во Троа Франција, каде што истото треба да ја подигне својата награда од конкурс за детска ликовна уметност во рамките на УНЕСКО.
Овде треба да го спомнеме и проектот на докторот и на неговата фондација „Од двете страни на границата“ преку кој што голем број деца од Бугарија и РС Македонија создадоа пријателства, твореа заедно и се дружеа без политички пропаганди и без никој да им наметнува било што во однос на нивното интимно етничко чувство.
„Тази кампания е най-вече в полза на доброто бъдеще на младежите от двете страни на границата, тъй като те са потърпевшите от дългогодишните политически спорове между Северна Македония и България, оставайки по средата на конфликт, за който най-малко те носят греха. Не е случайно, че голяма част от инвестициите ми отиват именно за образованието на младежите от двете държави. С моята фондация търсим всички начини по европейски модел да събираме децата заедно: спорт, образование, култура, евроинтеграция – всичко! Правим ежегодни обучителни семинари, на които каним именно деца от Северна Македония в България, така даваме непредубеден поглед какви сме в действителност, извън политическата пропаганда. Показваме им обичта си към тях и им демонстрираме, че в България могат да намерят уважение и добро развитие. Тези срещи на деца от двете страни на границата са една добра основа за подобряване на отношенията между двете държави”, вели д-р Врабевски за кампањата.
Меѓу другото токму Врабевски, беше во основата на првото заедничко сослужување меѓу претставници на МПЦ-ОА и БПЦ, на панихидата што се одржа на 6 мај, на бугарските воени гробишта кај Ново Село, струмичко и на која самиот не беше допуштен да присуствува.
Ковачев и Врабевски ја осетија на своја кожа одлучноста на РСМ да не се раздели со пропагандите врз кои се темели. Прашањето е како тие ќе отговорат со своите идни активности и секако не помалку важно е каков ќе биде одговорот на бугарската политичка елита, бидејќи како што веќе стана јасно, ниту еден нејзин претставник не е осигуран дека нема да биде запрен на граница. Ќе се спасат само оние, кои со придворен тон ќе кажат „Извинете што постоиме“, ама дури и за тоа не можеме да дадеме гаранција, оти никој не може да биде сигурен во колку и какви списоци се наоѓа. Можеме само да погодуваме!