Директорот на Институтот за духовно и културно наследнство на Албанците во Скопје, Скендер Асани, во институцијата со која раководи десет години, усепал да врабоува четворица членови од блиското семејство, известува порталот Ора24.тв.
Порталот тврди дека Асани е еклатантен пример за непотизам бидејќи досега во Институтот го вработил неговиот брат, Хизер Асани како архивар, внукот Садик Асани како обезбедување, а двајца зетовци, Муамет Амети и Омер Дура, ги вработил во одржување.
Во писмениот договор на Институтот за духовно и културно наследнство на Албанците до редакцијата на порталот, Асани не негира дека вработил четворица членови од блиското семејство, туку објаснува дека не сите од нив имаат основано редовен работен однос. Тој убедува дека сите вработувања биле направени во согласност со законите и со годишната програма за вработувања со цел Институтот да може успешно да ја остварува неговата дејност.
Според Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, директорот Асани, во текот на постапката за вработување, имал обврска да ја извести ДКСК и да бара мислење за случајот, и евентуално да се изземе од постапката. Р.З.