Популарниот актер Џорџ Клуни откри дека иако се постојано заедно поради локдаунот, тој не заборава да ѝ изјави на Амал љубов секој ден и тоа со љубовни писма.
– Писмата ѝ ги оставам под перницата, а истото го прави и таа. Ми пишува писмо и ми го остава до креветот или под перницата. Навистина верувам во писма. Имам писма од Пол Њумен, Грегори Пек, Волтер Кронкит и други, кои ми се врамени и закачени на ѕидовите. Да беа СМС пораки ќе имаа поинакво значење. Можеби тоа е некоја генерациска работа и можеби нема да биде така по 20 години, но за мене имаат тежина, бидејќи некој одвоил време да седне и да ги напише – изјави Клуни.
Во неодамнешно интервју Клуни откри и зошто на своите тригодишни деца им избрале нормални имиња Александер и Ела, за разлика од неговите холивудски колеги кои како да се натпреваруваат кој на детето ќе му даде почудно име.
– Не сакав да им дадеме чудни имиња на нашите деца. И онака ќе имаат доволно проблеми во животот. Доволно е тешко да си дете на некој успешен и познат. Синот на Пол Њумен се самоуби. Исто и синот на Грегори Пек. Бинг Крозби имаше два сина кои се самоубија. Јас сум во предност бидејќи бев постар кога ги добив близнаците па додека дојде време мојот син да се чувствува дека мора да биде успешен како татко му, јас ќе бидам старец – изјави Клуни во свој стил.