Порталот Курир јавува дека според нивни неофицијални информации пратеникот на Беса Кастриот Реџепи се наоѓа во во партиското седиште на ДУИ во Мала Речица.

Потсетуваме дека Реџепи не се појави денеска во Собранието и на тој начин не го обезбеди потребното мнозинство на опозициските партии за да се гласа недоверба на Владата на Зоран Заев.