Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ даде согласност за предлогот на претседателот на партијата Христијан Мицкоски за „активна блокада на Собранието“.
Според неофицијални информации, ова е дел од вечерашниот состанок на партиското тело. Исклучок од ова ќе бидат закони што ќе значат подобрување на стандардот на граѓаните, како повисоки плати или пензии.
Мицкоски вчера најави институционална блокада по 10 мај, откако премиерот Димитар Ковачевски го одби неговото барање за лидерска средба и за предвремени парламентарни избори.