Идеален десерт за сите љубители на богатиот чоколаден вкус…
Потребни состојки:
- 250 гр мелени интегрални бисквити
- 100 гр маргарин
- 400 гр чоколадо за готвење
- 200 гр неутрално крем сирење
- 100 гр бело или црно чоколадо за преливање
- 400 мл слатка павлака
Подготовка:
Во сад растопете го маргаринот, па со него прелијте ги мелените бисквити и измешајте. Смесата измесете ја со раце додека да се соедини и распоредете ја во кружен калап обложен со пластична фолија.
Чоколадото искршете го и ставете го да се растопи. Додадете слатка павлака и мешајте. Кога ќе се растопи чоколадото тргнете го од огнот, додадете го крем сирењето и мешајте додека смесата да се соедини.
Префрлете во сад и матете со миксер додека да стане пенаста, па истурете ја смесата врз кората од бисквити и оставете да се олади и стегне.
Белото или црно чоколадо скршете го и стопете го со малку масло и прелијте го преку тортата. Вратете ги ледените коцки во фрижидер добро да се оладат. По желба украсете со малку кокос или рендано бело чоколадо.
Уживајте!