Реал Мадрид е подготвен да продаде двајца играчи наредното лето, кои сите ги најавуваа како иднината во „кралскиот“ клуб.
Доколку има вистинска понуда, а се очекува, Едер Милитао и Винисиус јуниор ќе можат да го напуштат Реал Мадрид. Можеби не по цената што ја има платено Реал, но од Мадрид веруваат дека би можеле да вратат поголем дел од вложените пари.
Шпанската „Марка“ пишува дека на Реал ќе му бидат потребни пари за важни засилувања, пред сè за Килијан Мбапе, а тандемот Бразилци не ги исполнува очекувањата оваа сезона.
Милитао дојде од Порто за дури 50 милиони евра, како идна замена за Серхио Рамос, но тој целосно падна во втор план. Се шпекулира дека Ливерпул го сака на позајмица до крајот на сезоната, во игра се и Баерн Минхен и Тотенхем, но тешко дека ќе ја напушти оваа зима.
Слична е ситуацијата и со Винисиус, кој дојде од Фламенго за 45 милиони евра, на 18-годишна возраст и го прогласија како новиот „Нејмар“. Зидан е свесен дека овој играч прокоцка многу шанси и според експертите може да донесе поголем дел од парите вложени на пазарот.
Да потсетиме, ова е само продолжение на „чистката“ во Мадрид, бидејќи е познато дека Марсело, Иско, Брахим Дијаз и Герет Бејл по завршувањето на сезоната, додека Серхио Рамос и Лукас Васкез сè уште не ги продолжија договорите. Исто така, Лука Јовиќ би можел да се најде на списокот за заминувања, особено доколку ја покачи цената со добри игри во Ајнтрахт.
Сето ова мириса на нова револуција на мадридскиот гигант, а најголеми желби се Давид Алаба, кој има усмен договор со Реал, потоа Мбапе, Едуардо Камавинга, Ерлинг Халанд..
Со евентуалната продажба на Милитао, Винисиус и споменатите играчи од списокот, кои исто така имаат високи плати, Реал може да собере над 200 милиони евра, што е доволно за нов почеток.