Актерот Метју Пери одеднаш раскина со својата свршеница Моли Хурвиц, а веста ѕвездата од серијата „Пријатели“ ја потврди за магазинот „People“.

Работите понекогаш едноставно не успеваат, и ова е една од нив. Ѝ посакувам сè најдобро на Моли“, истакна Пери во изјавата.

Пери и Хурвиц се верија во ноември 2020 година, а во тоа време 51-годишниот актер ја нарече 29-годишната Моли „најдобрата жена на планетата“.

Пери, кој имаше проблеми со зависноста, повторно се најде под лупа на јавноста откако се појави во специјалната епизода „Friends: The Reunion“.

Instagram
Instagram

Обожавателите на Пери и култната серија беа загрижени за начинот на кој Пери зборуваше присетувајќи се на снимањето на серијата со Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Дејвид Швимер и Мет Лебланк.

Како што беше соопштено, говорот на Пери бил резултат на неодамнешна посета на стоматолог.

Метју Пери ги загрижи фановите: „Делува изгубено и зборува нејасно“

Метју се придружи на повторното обединување во април и членовите на неговиот тим рекоа дека тој ден морал да направи итна операција на забот“, изјави извор за „Сан“.

Очигледно никој не сака да снима по таква постапка, но тоа се случи“, додаде изворот, кој инсистираше на тоа дека Пери е трезен и дека обожавателите немаат причина за загриженост.

ФОТО: Метју Пери ја покажа свршеницата Моли Хурвиц во улога на модел за неговата линија на облека