Кире Лазаров, кој има 40 години, веќе долго време е еден од најдобрите ракометари во Европа, па и светот. Тој исто така е еден од најдобрите стрелци, а има над четири илјади голови, доколку се искомбинираат погодоците за клубовите и репрезентацијата.
Сепак, изминатиот викенд Кире Лазаров, кој игра за Нант, малку „затаји“ на мечот против Ним. Имено, нашиот репрезентативец на овој меч не постигна ниту еден гол. Имаше пет обиди кон противничкиот гол, но не успеа ниту еднаш да ја затресе мрежата на противникот. Неговиот тим сепак славеше со 31:27, а ете понекогаш и на Кире не му оди. Сепак, се случува и на најдобрите.