Заменик-главниот лекар на болницата во Омск, Русија, каде што првично се лекуваше опозицискиот лидер Алексеј Навални, почина ненадејно.

Станува збор за 55-годишниот лекар Сергеј Максимишин.

Соопштение за смртта на лекарот е објавено на веб-страницата на Болницата каде што работел.

Максимишкин беше лекар за анестезиологија и реанимација и доцент на Државниот медицински универзитет во Омск.

Не е прецизирана причината за неговата ненадејна смрт.

Максимишкин почнал да работи во болницата во 1992 година каде надгледувал развојот на методи за третман на пациенти со акутни цереброваскуларни нарушувања.

Во август 2020 година, Алексеј Навални беше примен во таа болница во сериозна состојба. Првичните информации беа дека станува збор за труење, но тогаш болницата негираше за таа дијагноза.

Тогашниот шеф на болницата, Александар Мураховски, не им дозволи роднините на Навални да го посетат и одби да му дозволи да замине на лекување во Германија. Опозиционерот беше префрлен на германска клиника само откако неговата сопруга Јулија го упати случајот до Европскиот суд за човекови права. Мураховски подоцна напредуваше во здравствен министер за Омската област.