Украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков, кој се наоѓа на таа функција од 2014 година, денеска ненадејно поднесе оставка без да даде образложение за таквиот потег.

За време на неговиот мандат имало многу приговори за бруталноста на полицијата. Протести против Аваков често беа организирани во Киев, иако тој негираше вмешаност во какви било незаконски акти.

Неговата оставка мора да биде одобрена од Парламентот, што може да се случи в четврток, пишува Блумберг.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на местото на Аваков го назначи Денис Монастирски, член на својата партија.