Откако пред три дена вработени во водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани повторно протестираа поради доцнењето на платите за последните четири месеци,  на протест излегоа и вработените во подружницата на АД Водостопанство,  „Прилепско поле“. Се жалат дека не им се исплатени три плати.  Во крајно незавидна состојба се 25-те вработени и 11 сезонски работници, револтирани се од незаинтересираноста во АД „Водостопанство“ да се реши состојбата. Воедно, вработените истапија и од Синдикатот незадоволни од инертноста на Сојузот.

Иса Елмазоски, вработен на одржување во „Прилепско поле“ вели дека сепак ја завршиле  сезоната за наводнување за да не ги стават  земјоделците во тешка ситуација.

-Денес излеговме на едночасовен протест за да го искажеме нашето незадоволство од незаинтересираноста на одборот на директори на АД „Водостопанство“ за обезбедување плати за вработените. Не се исплатени три плати, а еве и четвртата веќе е одработена. Од Владата имаме добиено решение за обезбедување средства за исплата, но сѐ уште не е реализирано. Во ова кризно време вработените се без пари и без лекарско осигурување. Исто така, го истакнуваме и незадоволството од работата на Сојузот на синдикати како матичен синдикат, бидејќи до денес немаат преземено никаква активност со цел да се изврши притисок на надредените. Во знак на незадоволство сите вработените потпишавме истапница, рече Елмазоски.

Горанчо Каранфилоски, вработен во „Прилепско поле“ во името на колегите ја истакнува крајно незавидната ситуација во која се сите, особено во ова тешко, кризно време.

-Немаме пари, банките не притискаат за кредитите, децата тргнаа на училиште, немаме да преживееме. крајно тешко е во ова кризно време. не знам колку полошо од ова може да биде, вели Каранфилоски.

„Прилепско поле“ има целосна наплата за наводнување на 450 хектари со склучените 1 800 договори со земјоделците.  Тешко може да се размислува и за одржување на каналите поради проблеми со механизација зашто се соочуваат со недоволно обезбедени средства за поправка на дефекти, несервисирани градежни машини.

Инаку, пред само неколку дена ТВ21 објави дека во АД Водостопанство се местат тендери. Тендери добиваат фирми без архивски печати, а се дисквалификуваат фирми со отворање на плико и вадење на еден документ.

Ќути таму и затни се, јас морав да се повлечам-Како во АД Водостопанство се местат тендери?!