Владата на Фиџи денес објави дека вакцинациите против коронавирусот ќе бидат задолжителен услов за работа, поради што некои луѓе може да останат без работа, доколку не сакаат да се вакцинираат.
Премиерот Френк Баинимарама рече дека вработените во приватниот сектор треба да примат барем една доза од вакцината до 1 август, пишува Гардијан.
–Не е важно дали сте извршен директор на компанијата, независен трговец или вработен, мора да се вакцинирате доколку сакате да продолжите да работите, во спротивно работата ќе добие нов вработен. Нема вакцина – нема работа, тоа е она што науката вели дека треба да се направи, рече Баинимарама.
Баинимарама додаде дека добрата вест е дека вакцините реагираат брзо и дека Астра Зенека, која се користи на Фиџи, е ефикасна за 92 проценти.