Министерството за здравство информира, дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.760 тестирање, а регистрирани се 4 нови случаи на КОВИД-19. Регистрирани се 6 оздравени пациенти, а во изминатото деноноќие не е регистриран ниту еден смртен случај. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.710, бројката на оздравени пациенти е 150.073, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 151.