Сопственикот на ПСЖ, Насер ал Келаифи изјави дека нема причина Нејмар и Килијан Мбапе да го напуштат клубот.
Во јавноста веќе извесно време се шпекулира дали Нејмар и Мбапе ќе останат на „Паркот на принцовите“. Спортскиот директор Леонардно неодамна изјави дека се надева на „добра вест“ наскоро.
Откако ПСЖ го елиминираше Баерн Минхен во четвртфиналето од Лигата на шампионите, се огласи и првиот човек на клубот.
„Верувам дека Нејмар ќе биде играч на ПСЖ и следната година, дека ќе остане тука уште долго“, рече Ал Келаифи.
„Нема причина Мбапе и тој да го напушти клубот. Сега сакаме да ја освоиме Лигата на шампионите“.
ПСЖ во полуфиналето од елитното европско натпреварување ќе игра со победникот од дуелот Манчестер Сити – Борусија Дортмунд.