Нема повредени во пожарот што зафатил автобус со патници кој се движел на патниот правец Гостивар-Кичево, пред преминот Стража.

Од СВР Тетово информираат дека претпладнево околу 11:20 часот било пријавен случај на опожарување на возило.

– Според пријавата, во СВР Тетово, на магистралниот пат Гостивар-Кичево, а околу три километри пред месноста „Стража“,  настанал пожар во автобус кој се движел кон Кичево.На посоченото место веднаш се испратени полициски службеници од ОВР Гостивар и екипа од гостиварската Територијална противпожарна единица, наведува Марјан Јосифоски од СВР Тетово.

Според првичните информации нема повредени лица и колкава штета е причинета.