Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Во последните 24 часа се направени 3.028 тестирање, а регистрирани се 6 нови случаи на КОВИД-19. Не се регистрирани починати лица, ниту оздравени пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 887.621 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.706, бројката на оздравени пациенти е 150.067, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 153.