Во германската провинција Баден-Виртемберг, во среда ќе стапи во сила мерка според која невакцинираните луѓе, доколку се разболат од Ковид-19 и мора да бидат ставени во изолација, нема да примаат плата за тој период.
И други германски провинции, како Северна Рајна-Вестфалија, Хесен, Долна Саксонија и Мекленбург -Западна Померанија, планираат од 15 септември да усвојат таква мерка.
Претходно, законот во германија беше, сите лица кои се во карантин или изолација, ќе ја добијат целосната сума на платата, но сега тоа нема да биде така. Па, оние кои што нема да се вакцинираат, а ќе се заразат со Ковид 19 и ќе бидат во изолација, односно карантин, за периодот поминат таму нема да добијат плата.
Министерот за здравство на Баварија Клаус Холечек изјави дека оние кои не се вакцинирани и немаат здравствени причини за да не ја примат вакцината, според него, немаат право на плата за време на карантин.
– Не може општеството да плаќа за нив”, рече тој, најавувајќи дека покраината може да се приклучи кон усвојување на оваа мерка.
Целосната вест на линкот подолу.
https://kurier.at/politik/ausland/deutschland-kein-lohn-fuer-ungeimpfte-bei-quarantaene/401730879