Од Инспекторатот за животна средина за ТВ21 информираат дека се работи за опожарена сува трева, а зафатена била и административната зграда во фабриката Охис.
Од таму велат дека нема никакви хемикалии и не постои опасност за здравјето и животната средина.
Тие информираат и дека еден пожарникар бил пренесен на Клиниката за токсикологија поради вдишување на чад при гасење на пожарот.
На терен е пожарната, полицијата и брзата помош, а во моментов се локализира пожарот.