Нема да има одложување на пописот, изјави премерот Заев апелирајќи сите граѓани да учествуваат во оваа статистичка операција и да ја исполат граѓанската обврска кон државата. Одложувањето рече, е беспредметно, затоа што, како што истакна, никој не може да гарантира дали наесен или следната пролет состојбата со пандемијата нема да биде иста како сега.
-Сега нормално самата пандемија е проблематична тоа не значи дека треба да се откажеме од пописот. Ако сега се откажеме следуваат есента избори, пролетта никој не може да гарантира дека нема да биде иста со бројки како сега, така што треба сите да ја преземеме одговорноста. Апелирам до сите да се попишеме затоа што на тој начин ја исполнуваме граѓанската одговорност кон нашата татковина, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на велешки „Брако“.
Според него, законот е јасен, во него е регулирана одговорноста, но пред се, треба да биде граѓанската одговорност пред државата.